Збогум на иглите – создаден Star Trek хипоспреј (видео)

Не постојат многу луѓе кои уживаат во инјекции и игли. Многумина со нетрпение чекаат вистинската медицина да го достигне стандардот поставен од Ѕвездени Патеки и да ги замени иглите со хипоспреј.

Тоа можеби и не е невозможна мисија бидејќи на MIT била создадена нова направа која воведува лекови низ кожата. Новиот метод на инјекција преку млаз го воведува лекот низ кожата со брзина од околу 340 метри во секунда за помалку од милисекунда. Дозата на лекот може да биде варирана исто како и длабочината до која лекот ќе навлезе.

{youtube}M09LyLqb5qw{/youtube}

Пациентот не би требало да почувствува ништо повеќе од допирот на врвот на направата врз кожата бидејќи млазот е тенок колку игличка на комарец. Отсуството на игла и болка дефинитивно ќе го намали стресот од посета на доктор кај многу луѓе.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка
- Реклама -