Историски личности кои умреле на глупав начин

Повеќе... Понекогаш некои големи умови си заминуваат од овој свет на начин кој е во спротивност на нивната историска големина. Еве една листа на историски ликови кои умреле на навистина (благо речено) необичен и апсурден начин.


Понекогаш некои големи умови си заминуваат од овој свет на начин кој е
во спротивност на нивната историска големина. Еве една листа на историски ликови кои умреле на навистина (благо речено) необичен и апсурден начин.

1. Есхил
aeschylus_0.jpg
Старогрчкиот драматург умрел околу 500 г.п.н.е кога орел испуштил желка на неговата глава. Најверојатно, орелот ја заменил ќелавата глава на драматургот со карпа.

2. Атила Хунски

attilathehun.jpg
Ноќта на неговата венчавка, хунскиот крал бил толку пијан што не почувсствувал дека неговиот нос обилно крвари. Неговата сопруга  следното утро го нашла удавен во сопствената крв.

3. Френсис Бекон
bacon.jpg
За да дознае дали снегот може да конзервира месото, овој англиски философ, државник, шпион и есeист од 17 век заклал кокошка и потоа поминал часови покрај својот експеримент. На крајот, имало два трупа во снегот.

4. Тихо Брахе
tycho_brahe_1.jpg
Во Данска од 16 век, се сметало дека е непристојно да се напушти гозбата пред да заврши јадењето. Овој астрономер кој бил повеќе од склон кон пиењето страдал во пристојна агонија наместо да побара извинување за да го посети местото каде и кралот оди пешки. Како резултат на тоа, неговата бешика попуштила и тој го напуштил овој свет со бавна и болна смрт.

5. Jim Fixx
jim-fixx.jpg
Авторот на бестеселерот од седумдесетите „Комплетен водич во трчањето“ тврдеше дека здравата диета и трчањето се клучот за долговечноста. Тој почина од срцев удар додека џогираше. Аутопсијата покажа масивна блокада на коронарните артерии.

6. Светиот римски крал Фридрих Барбароса

hre-frederick.jpg
Ѕвечкајќи низ пустината во Светата земја во тежок оклоп, Светиот римски крал Фридрих бил толку среќен кога стигнал до една река, што скокнал во неа за да ја засити својата жед. За несреќа, заборавил да го отстрани оклопот заради што потонал во реката.

7. Jean-Baptiste Lully
lully.jpg
Додека ја вежбал својата најнова композиција, овој композитор од 17 век толку се возбудил што случајно си ја прободил ногата со неговата диригентска палка. Како резултат на тоа, починал од труење на крвта.

8. Папата Јован XII
200px-giovannixii.jpg
Откако станал папа на само 18 години, набрзо починал од раните здобиени во љубовни авантури, откако бил претепан до смрт од бесниот сопруг на неговата љубовница.

9. Jerome Irving Rodale
rodale.jpg
Основачот на движењето за органска храна изјавил во едно интервју во 1971 год.  дека ќе живее сто години за неколку моменти после тоа, 72-годишниот Rodale да падне мртов од срцев удар. Ова телевизиско интервју никогаш не се емитуваше.

10. Тенеси Вилијамс
tennessee-williams.jpg
Како жртва на долгите години злоупотреба на алкохол и пилули, овој познат драмски писател завршил задавувајќи се со пилула аспирин во пијана состојба во 1983 година.

- Реклама -