Супермаркетите можат да генерираат 100% од струјата, од сопствениот отпад

Еден британски маркет  докажа дека може сам да со снабдува електрична енергија – благодарение на сопствениот отпад. Една од продавниците од синџирот Sainsbury во West Midlands во Велика Британија веќе е подготвена да се “откачи” од националната електрична мрежа во корист на електричната енергија добиена од стара храна. Ова е овозможено преку партнерство со компанијата за рециклирање на отпад Biffa.

Sainsbury е популарен малопродажен ланец во Британија  и е најголемиот потрошувач на енергија добиена од отпадна храна  преку анаеробно разградување. Таа произведува доволно енергија за да напојува 2500 станови секоја година. Сега  една од нивните продавници ќе користи ваква енергија  100 проценти, на начин што остатоците од храна во супермаркет на Sainsbury во Канок ќе се превезуваат до најблискиот биогенератор на Biffa каде отпадот ќе се претвора во био-гас метан. Тој за возврат ќе се користи за генерирање на електрична енергија. Струјата ќе се пренесува до продавницата преку 1,5-километарски далновод.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Загрижените за исфрлањето на достојна храна нема зошто да се бунат, велат од продавницата. Службите за добротворно собирање на храната ќе ги добиваат првите серии со здрава исхрана од продавницата. Потоа земјоделците ќе добиваат храна за хранливите потреби на животните – дури мајмуните во најблискиот сафари парк ќе добиваат банани од продавницата на Sainsbury. Сè што остане, ќе заминува за производство на енергија во фабриката на Biffa.

„Не праќаме апсолутно никаков отпад во депониите и секогаш бараме нови начини за повторна употреба и рециклирање,” изјави Пол Кру, раководител на активностите за отпорноста во Sainsbury.

- Реклама -