За осамените кафиња, правец во Токио

Кога човек сам јаде или пие во ресторан е непријатно. Понекогаш е привремено, а понекогаш тажно. Во секое време може да се посвети на својот мобилен или лап-топ, а може и да чита книга. Да се преправа дека осаменоста е пожелна и охрабрувачка. Но, ако бидеме искрени – навистина е тажно и депримирачко да се седи спроти празен стол и да нема со кого да се размени збор.

The Moomin Cafe, кафе-ресторан сместен во Токио има чуден концепт на работа: решението на овој проблем го нуди преку понуда на плишани играчки кои им прават друштво на посетителите. Според голем дел од нив, споделените искуства и фотографии говорат дека било навистина инспиративно и мотивирачки што сопственикот и вработените нашле начин да им го разубават денот. Што мислите Вие? Дали е прифатливо да се биде во друштво со плишана играчка? И тоа, непоканета на ручек или кафе?

2 3 4 5

- Реклама -