Плажа на која 15 години испливуваат Лего коцки

Плажата на брегот на Корнвол, Велика Британија, уште од 1999-та година е прекриена со Лего коцки. Малечки пераи, пластични змејови и по некоја Лего коцка – испливуваат како последица на бродската несреќа од 1997-та при која товарен брод пренесувал контејнери со играчки. Преку 4.5 милиони парчиња се оставени на милост и немилост на брановите, и до ден денес пристигнуваат на плажата.

Да биде уште поинтересно, најголем дел од коцките се со наутички предзнак. Извештајот за бродот на Токио Експрес вели дека во пратката имало 418.000 парчиња пераи, 33.941 змеј, 13.000 харпуни, 97.500 парчиња опрема за нуркање и 4.200 црни октоподи. Еден од најпосветените локални колекционери вели дека октоподите и змејовите се вистинска реткост, споредувајќи ги со Светиот Грал. „До сега се најдени само 3 октоподи, а еден од нив го најдов јас“.

l4ehdqr47a19dgudhg0f

Иако самата идеја дека милиони играчки испливуваат на некоја плажа низ светот е невообичаено бајковите и забавна, фактот што тони и тони пластика (макар биле и Лего) пливаат по океанот е очигледен проблем. Лего контејнерот е само еден од 62-та што ги носел Токио Експрес, а целиот товар заедно е само капка во морето во споредба со 10-те илјади товарни контејнери што секоја година завршуваат во океаните по пат на бродски несреќи. Водата е толку полна со пластика, што научниците имаат лоцирано само 1 процент и не знаат каде е најголемиот дел.

Мал дел дефинитивно ќе исплива на Корнвол. Сепак, експертите велат дека 17-години поминати од несреќата со Токио Експрес се доволни за да ги испратат коцките на било која плажа низ светот. Па, ако го поминувате одморот на море, добро отворете ги очите – можеби ќе налетате на еден од октоподите, што автоматски ќе значи статус на херој, барем меѓу жителите на Корнвол.

azdi8kfa5faeqsfai7mi bsafp19oldui1zowqflh nloifjqfuruyztti6tvp of4tabbnjto4qhqmtyr1 uvlh6onxo0j6glpzcpiw

- Реклама -