Истанбул постави паметни апарати за хранење на уличните мачки и кучиња

Во Истанбул има повеќе од 100.000 улични мачки и кучиња. И покрај тоа што во метрополата живеат повеќе од 14 милиони луѓе, овие животни сеуште чекаат да бидат здомени. Компанијата Pugedon реши да преземе нешто околу ова и барем да обезбеди храна за животните додека чекаат засолниште и дом.

Компанијата плати за да постави автомати што ќе дисперзираат храна секогаш кога некој човек ќе ја искористи машината за да фрли пластично шише. Парите од рециклирањето на шишињата оди за набавка на уште повеќе храна за кучињата и мачките. Сепак, најдобриот дел е што преку рециклирањето луѓето придонесуваат за доброто на својата животна околина, како и тоа што на овој начин, луѓето кои не можат да си дозволат милениче можат да придонесат за добробитието на животните.

Прочитајте и:  Ако сакате да спиете подобро, консумирајте ги овие намирници и пијалоци пред спиење

10485529_252751488265297_7242164408641693898_n-934x 10514720_252751844931928_5297643762833596889_n-934x pugedon04-620x

- Реклама -