Хартија превиткана 103 пати е дебела колку Вселената

Знаете ли дека доколку превиткате лист хартија 42 пати ќе добиете дебелина еднаква на оддалеченоста од Земјата до Месечината? Ова е само една од најинтересните работи, со кои ќе се запознаете во видеото подолу.А, што би помислиле ако ви кажеме дека е невозможно листот  да се превитка повеќе од 8 пати –  Ова до неодамна беше навод на едно истражување… Излегува дека како и кај многу други непроверени тврдења,  ова не е вистина, а рекордот всушност е 12 пати.

Меѓутоа, хипотетички, кога би можел листот да се свитка 103 пати, неговата деблина би била еквивалентна на дебелината на Вселената, а веќе на 23-то свиткување  достигнува дебелина од еден километар.

Прочитајте и:  Никој не знае кој го поместил најстариот британски сателит и го однел над Америка

 Тешко е да се замисли како ќе стигне  до месечината со 42 виткања.  Тоа е затоа што човечкиот мозок  размислува линеарно, а не експоненцијално.

- Реклама -