Бостон Селтикс и втор пат по ред успеа да слави над Мајами Хит и да израмни на 2:2 во финалната серија од источната серија, слично како што тоа го сторија и играчите на Оклахома.
Избраниците на Док Риверс го добија вториот меч со 93:91, по едно продолжение, и тоа најмногу благодарение на извонредната одбрана – домаќините му дозволија на противникот да постигне само два поени во дополнителните пет минути.
Мора да се напомене дека во прилог на Бостон одеа и шесте лични грешки на Леброн Џејмс, кој мораше да го проследи финишот од мечот од клупата за резерви, а без негова помош останатите кошаркари на „Жешките“ не успеаја да го најдат патот до кошот на Селтикси.
„Не е ништо страшно. Дојдовме во Бостон да забележиме барем една победа, не успеавме во тоа, но сè уште ја имаме предноста на домашниот терен. Убеден сум дека повторно ќе играме во финалето“ – изјави Леброн Џејмс, кој постигна 29 поени за својот тим.
{youtube}nCwpd16ukGQ{/youtube}
Рејџон Рондо повторно беше херој на Бостон, не само поради дабл-даблот од 15 поени и 15 асистенции , туку и поради фактот дека плејмејкерот на Селтикси постигна три од четирите поени на својот тим во продолжението, доволно за да се стигне до голема победа над лутиот ривал. Пол Пирс беше најефикасен во таборот на Бостон со 23 поени, додека Кевин Гарнет забележа 17 поени и 14 скокови.
Објавено во соработка со Екипа.