10 многу, многу чудни професии на светот. За овие луѓе рабтното место е сосема поинакво од она на кое сме навикнати.Погледнете неколку од најчудните професии на светот:
Професионално пакување на багаж за детски камп
Во Њујорк некои мајки им плаќаат до 1000 долари на луѓе за да ги спакуваат куферите на нивните деца. Барбара Рајх од Resourceful Consultants наплаќа 250 долари на час, а по некогаш и се потребни дури 4 часа за да го спакува потребното.
Тие живеат во луксузни куќи
Семејство Милер се посебен тип на бездомници. Тие живеат во луксузни куќи, кои се продаваат по нивниот престој. Уловот е дека тие треба да го чуваат домот идеално чист секој ден, од утро до вечер и да бидат подготвени да се преселат веднаш од него (во случај на договор). Задачата не е сосема лесна. Иако живеат таму, тие треба да го одржуваат просторот како за сликање во списание. Прозорците треба да бидат идеално чисти, креветите уредни – како никој никогаш да не спиел на нив. Кога ќе дојде купувач,тие треба да исчезнат. Имотните агенти велат дека домовите во кои што живее некој, се продаваат многу брзо.
Таа тестира хотелски соби
Во 2013 година Hotel Finn во Хелсинки вработи човек, за да спие во секоја од нивните 35 соби и да пишува на блог за искуството. Во огласот за работа се бараше човекот да зборува англиски и фински, рускиот е предност. Популарноста на ваквата работа се зголеми откако Бен Саутхол освои работа на конкурс меѓу 35 000 луѓе од 200 земји, да стане гувернер на приватниот остров Хамилтон во Големиот корален гребен.
Преселба на санта мраз
По инцидентот со Титаник од 1912 година неколку држави формираа Меѓународна ледена патрола (IIP). Околу 20 000 – 40 000 ледени брегови годишно пловат по Северно Атлантскиот Океан и се закана за нафтените платформи. Од патролите ги набљудуваат и по потреба можат да го преселат ледениот брег, влечејќи го со дебели јажиња. Преместувањето на една санта мраз може да потрае 72 часа, бидејќи бродовите го повллекуваат со бавното темпо.
Да гледаш како се суши боја
Звучи како доста лесна работа. Д-р Томас Јаруен работи за компанија Dulux неколку години, а неговата работа е да гледа како бојата се суши. Тој ја надгледува бојата и под микроскоп. Неговата работа е важна, бидејќи компанијата треба да е сигурна дека бојата е издржлива и не се лупи од ѕидовите.
Да патуваш нон – стоп
Во Џакарта има професионални автостопери, на кои им се плаќа, за да патуваат со автомобил и да пополнуваат бројка. Објаснувањето е следново. Сообраќајот во Џакарта е ужасен. При население од 30 милиони, има 20 милиони регистрирани возила. За разлика од модерните градови на запад, сепак, нивната инфраструктурата е лоша. За да се намали сообраќајниот метеж, властите воведоа зони, низ кои може да се минува само со автомобил со најмалку три патници (за да се стимулираат луѓето да се комбинираат). Ова води до професијата професионален автостопер – Го земаат и му плаќаат, за да се помине низ зоната. Само за неколку часа овие луѓе можат да добијат 7,50 долари, а тоа не е малку во држава каде што повеќето луѓе живеат со помалку од еден долар на ден. Ова, се разбира, е нелегално па во случај да ве застане полиција треба да „глумите“ дека не се познавате. Мајки со бебиња се во предност, бидејќи се сметаат за двајца, а седат на едно седиште.
Критичар на скара
Даниел Вон ја напуштил работата на архитект, за да работи како критичар на скара. Тој започнал да работи за списанието Texas Monthly и е првиот човек во оваа професија. Дори издал и книга, а за целта тој ги обиколил рестораните во државата и јадел различни видови скара.
Професионално плачам по свдаби и погреби – Балканската шега, реалност во Тајван
Во Тајван е задолжително погребите да се драматични. За тоа има вработено жени кои плачат, лелекаат и да паѓаат по земјата „од тага”. Секој треба задолжително да пролее барем неколку солзи, а оние поплакувачи создаваат „атмосфера”. Лиу Јун Лин го работи ова од 19 години и е најпознатата оплаквачка од Тајван. За нејзина жал оваа мода заминува.
Помладите тајванци веќе не се држат до традицијата и не вработуваат услуги на жени како Лин.
Живо плашило
Џејми Фокс е дипломиран музичар, но неговата кариера заминала во малку поинаков правец. Тој во 2012 година тој бил вработен во Норфолк да носи светла облека и да свири, за да ги плаши птиците. За оваа работа заработува 250 фунти неделно.