Сончев дом во Флорида

Често првата асоцијација која ни паѓа на памет кога ќе слушнеме „сончев дом“, е поврзана со летото, сонцето и безгрижноста.

Жолтата  боја сепак  не носи само такви пораки. Всушност ако се користи правилно, таа додава свежина и комфорт во опремувањето, без да има опасност од чувство на непријатност од многу светлина. Тоа е сепак можно, ако ја комбинираме со неутрални тонови како бела, кафеава, црна или сива.

Александар Горлин, њујоршки дизајнер на ентериер, може да се пофали со уникатен проект, кој го носи името “Stairway to Heaven” (“Скали кон рајот”). Секој детал е прецизно премислен и во комбинација со соодветен мебел промислени  бои. Психолозите тврдат дека жолтата боја покажува благотворно влијание врз напнатата психа, ги балансира емоциите и го намалува стресот.

Дали би живееле во ваков дом? Погледнете уште неколку фотографии во продолжение…

12 9 8 7 6 5 4 2 1

- Реклама -