Паметно купување – корисни совети за поголема заштеда

Во продавниците секогаш одите со список, но дали секогаш останувате само со она што е испишано и однапред проценето како потребно?

Штеди кога имаш, а не кога немаш – позната изрека која во потрошувачката индустрија, се помалку успева. Сепак, не е невозможно, потребно е само да бидете дисциплинирани, доследни и организирани, што особено важи за оние кои на крајот на секој месец прашуваат каде „им отишле“ парите.

Почнете од храна – пред да тргнете во супермаркет, задолжително јадете, бидејќи истражувањата покажуваат дека кога сме гладни, купуваме повеќе. Во продавница секогаш одете  со список и никогаш не го купувајте она што не се наоѓа на него. Единствениот исклучоик можете да го направите кога се во прашање производи на акција, но и тогаш треба да бидете внимателни, за да не се враќате со нешто што воопшто не ви е потребно.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Намалувањата се опасни кога станува збор за облеката – ако навистина не можете да им одолеете на новите парчиња, не морате да се правдате пред себе, дека немате што да облечете, доволно е да бирате паметно – наместо фустан, купете здолниште кое што ќе можете да го комбинирате со неколку работи кои што ги имате во гардеробата.

Можете да заштедите и доколку ги промените секојдневните навики – наместо да купувате сендвич, подгответе си го ручекот за на работа од дома – евтино и здраво, намалето ги алкохолот и кафето, обидете се да ги оставите цигарите, откажете ја теретаната во лето и вежбајте од дома.

Прочитај повеќе: Како да ги надитрите маркетите?

- Реклама -