Гласините дека BMW со помош на Toyota подготвува цело семејство Z-модели се појавија уште пред една година. Се тврдеше дека освен следната генерација на Z4, Баварците ќе лансираат уште Z1, Z2, Z3 и Z5. Последните сведоштва сепак го демантираат тоа.
Според информациите концернот работи само на ново Z5 што ќе го замени Z4. Тоа ќе биде поинакво и сосема нов автомобил, а неговото шасија навистина се развива заеднички со Toyota. Што се однесува до каросеријата на моделот ќе биде направена од јаглеродни влакна, како што е кај новите BMW i3 и i8. Веќе се знае дека родстерот ќе биде со подвижен покрив, а не со досегашниот тврд.
Палетата мотори кај BMW Z5 ќе се состои од 4-цилиндерски турбо-агрегати со зафатнина од 2.0 литри кои ќе развиваат 190, 245 и 270 КЅ. Ќе има и М-верзија, која ќе располага со V6 мотор со 425 КЅ.