Научниците од Универзитетот во Чигаго пронајдоа начин како да се разликува љубовта од страста, преку анализа на движењето на очите, пишува Psychological Science.Тие им понудиле на доброволци да погледнат голем број фотографии, на кои што биле прикажани претставници на спротивниот пол.Некои од нив имале еротски карактер, освен тоа на некои од нив им биле прикажани брачни парови.
Додека волонтерот ги разгледувал сликите, научниците внимателно го набљудувале неговиот поглед.
Анализирајќи ги движењето на очите на учесниците во студијата, експертите дошле до заклучок дека оние кои што го гледаат лицето на човекот од спротивниот пол, имаат тенденција да го прифатат за погоден за романтични односи. Ако испитаникот се залага само кон телото, тогаш тој е склон кон краткорочни односи.
Авторите на истражувањето објаснуваат дека резултатите може да имаат теоретска и клиничка значајност. Тие може да се применат за време на консултациите на парови кога на пациентите им е тешко да утврдат какви чувства доживуваат еден кон друг.
Порано психолози од Канадскиот универзитет Конкордија утврдија разлика помеѓу љубовта и страста.
Специјалистите им покажале на волонтерите еротски фотографии на мажи и жени, за да разбудат желба кај нив. Некои од фотографиите биле од нивните сакани. Во различни варијанти овој експеримент бил одржан 20 пати. И тогаш инструментите со кои се вршело скенирање на мозокот на волонтерите, покажале дека љубовта и страста активираат различни делови од мозокот.