Нови цени за Exit од 1 јули

exit11Влезниците за единаесетиот Exit фестивал ќе поскапат од 1-ви јули кога редовната цена ќе изнесува 7310 денари. Промотивните влезници по актуелна цена 3650 денари се скоро распродадени. Влезниците се скоро распродадени и во Велика Британија, а за Exit владее голем интерес и во Холандија, од каде во Нови Сад се очекуваат околу 1000 посетители. На ова издание на Exit се очекуваат и преку 10.000 гости од регионот на Југоисточна Европа.

Влезниците можат да се купат во Југотон. Сите посетители со билетот ќе добијат и ваучер, кој од 5. јули на влезот на фестивалот ќе се менува за нараквици. Нараквиците ќе важат за една личност.

На овогодинешниот Exit фестивал ќе настапат : The Chemical Brothers, Faith No More, Mika, Missy Elliott, Placebo, David Guetta, LCD Soundsystem, Pendulum Live, Röyksopp Ricardo Villalobos, Behemoth, Crystal Castles, The Exploited, Klaxons и бројни изведувачи на преку 20 стејџа кои ќе настапат од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

- Реклама -