Синтија Бризeл од МИТ го претстави својот најнов социјален робот Џибо . Тој е создаден со цел да ги замени домашните миленичиња, пишува весникот Daily Mirror.
На изглед апаратот личи на вкрстување помеѓу мегафон и будилник. На главата му е монтиран екран преку кој што роботот комуницира со својот господар.
Според креаторката на Џибо тој е првиот социјален робот способен на интерактивно дејствување со неговиот сопственик. Механички може да комуницира, преку користење на технологија за препознавање на лицето. Неговото „око” ве следи насекаде во собата, па може дури и да направи видео или да ве фотографира.
Помошникот голем 18-сантиметри се грижи за сите телефонски повици на неговиот сопственик, потсетува кога треба да го испие апчето и им чита приспивни приказни на децата пред спиење.
Д-р Бризeл е професорка на МИТ. Нејзиниот робот Џибо чини 300 фунти. По нејзините зборови, тој е вистински домашен помошник, а не само некој механички уред.
На претставувањето во Њујорк неговата создавателка го прашала: „Како си, Џибо?”, а тој и одговорил: „Прекрасно, ти благодарам за вниманието!”.
Џибо се полни преку безжични уреди распоредени на стратешки места во домот. Тој ќе биде на пазарот на крајот на 2015 година.