Холивудската двојка Џоли-Пит ќе глуми во драма, на која Анџелина Џоли е сценарист и режисер , соопштија светските агенции.Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се поврзат повторно заедно на големиот екран за прв пат после 9 години, како дел од драмата „Крај морето” на студиото Universal. Сценариото и режијата се на 38-годишната актерка, а прочуената двојка исто така и ќе го продуцира филмот.
„Анџелина продолжува да демонстрира исклучителни вештини пред и зад камерата и ние сме возбудени дека ќе ги прошириме видиците со неа преку филмскиот проект „Крај морето “- истакна претседателот на „ Universal“ Дона Ленгли. – Таа и Бред се меѓу најсветлите холивудски таленти. Уживаме дека ќе бидеме дел од нивната заедничка работа.
Во моментов Џоли го снима филмот „Нескршливиот”, опишувајќи вистинската приказна за ветеран од Втората светска војна, кој учествувал како спортист на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.
„Среќна сум што ќе продолжам со соработката со продукциската куќа, откако ќе ја завршам работата над тековниот филм и ќе започнам со „Крај морето “- истакна актерката.
Пред 9 години Пит и Џоли ги видовме заедно на филмското платно, како дел од филмот „Господин и госпоѓа Смит”, кој што инкасираше 478 милиони долари од проекциите во целиот свет.