Сончање во бременост, да или не?

Малку сончање да, но внимателно и умерено. На бремените жени не им се препорачува сончање во голема мерка бидејќи истото може да предизвика дехидратација во организмот.
Во текот на топлте денови на сите им се препорачува да не поминуваат многу време на сонце, а ова особено важи за трудниците.

Имено, кај нив сончањето може да предизвика дехидратација на организмот, да ја подигне телесната температура, да влијае на крвниот притисок. Докажано е дека сончањето, како последица на дехидратација на организмот, може да предизвика предвремено породување, додека зголемената телесна температура во текот на долг временски период во најраната бременост, може да предизвика оштетување на плодот.

Затоа, идните мајки треба да избегнуваат долго излагање на сончевите зраци во периодот од 11 до 17 часот и да се сончаат  под сенка ( и на тој начин може да се добие убава боја), да пијат многу течности, често да се тушираат, да јадат лесна храна, задолжително да користат крема со висок заштитен фактор и да носат шешир.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

travel-deals-babymoon-couple-on-beach-full

 

- Реклама -