Како најбрзо да се ослободите од мирисот на боја после кречење?

Завршивте со кречењето, а собата сеуште мириса на боја. Можеби тоа ве потсетува на успешно завршената работа и ве асоцира на чист и стерилен дом, но тука се и испарувањата од хемикалиите во бојата што ги вдишуваме, од кои и доаѓа самиот мирис. Отворените прозори се задолжителни, но понекогаш таа опција е неизводлива, а и нормално е да сакате да го забрзате процесот на проветрување.

Еден од начините е да поставите неколку кофи вода. Водата помага со тоа што ги апсорбира испарувањата на бојата, а што повеќе кофи, толку подобро.

qrxqecbh7uhxds6jcwrn[1]

Друг начин се миризливите свеќи. Свеќите согоруваат дел од испарувањата, и го прекриваат мирисот на боја. Сепак, кофите со вода се далеку побезбедни, бидејќи можете да ги оставите без грижа дека можеби ќе ги заборавите.

pear-candles-scented[1]

Верувале или не, кромидот е исто така добар помошник. Земете една главица, исечете ја на половина и поставете ги двете парчиња на различни краеви на собата. Кромидот исто така ги апсорбира мирисот и хемикалиите од бојата, и е ефтино решение. И не, собата нема да ви мириса на кромид.

DSC_2533[1]

И се разбира, наједноставното решение е да користите органски бои со низок степен на испарување, попознати како „low VOC paints“.

- Реклама -