Мозоците на луѓето зависници кон сексот и на зависниците од дрога функционираат на ист начин, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирано од Сајанс дејли.Научниците неодамна ги потврдија овие сличности, со тоа што на луѓе кои признаваат дека се зависници од секс, им биле прикажани порнографски видеоснимки и потоа нивните мозоци биле тестирани со помош на функционална магнетна резонанца – технологија која им овозможува да се измери нивото на кислород во крвта во мозокот.
Резултатите покажале дека активирањето на гледање на порнографски видеоснимки во зоните на мозокот на учесниците биле исти како оние кои се активирале при зависноста од дрога. Добиените резултати не значат дека сексот предизвикува зависност, но се уште еден доказ дека луѓето се зависници од секс или дрогата по еден и ист начин. Се смета дека еден на секои 25 возрасни е засегнат од компулсивно сексуално однесување.
„Учесниците сакаат, но не можат да престанат. Покрај тоа зависноста може да влијае врз нивните животи и да предизвика стрес. Ваквите истражувања можат да се покажат како уште еден чекор напред кон запознавање на сличностите меѓу прекумерното ангажирање со сексот и прекумерна употреба на дрога “, изјави шефицата на истражувањето, Валери Вун од Универзитетот во Кембриџ.
Резултатите од истражувањето се објавени во PLoS ONE.