Детскиот дом на Џеки Кенеди Оназис на Парк Авенија во Њујорк се продава за 44 милиони долари. Тој се наоѓа во елитната зграда со број 740 Парк Авенија, која е изградена од дедото на Џеки во 1929 година.
Во моментов сопственици се менаџерот Дејвид Ганек и неговата сопруга, но тие го продаваат домот покрај скандалот со инсајдерско тргување во кој се вмешани.
Пентхаусот се наоѓа на шестиот и седмиот кат, а има уште и библиотека и дневна соба, која што гледа кон Парк Авенија. На 7-иот кат има луксузна спална соба со две мермерни бањи и плакари. Плус уште 3 спални со сопствени купатила.