Во летната сезона макси-фустаните се идеалното парче облека за секојдневните комбинации. Изгледаат шик и лежерно, а истовремено во нив ќе се чувствувате многу удобно.
Лежерно
Во поладните летни денови, макси-фустанот одлично ќе изгледа со тенка кожна јакна и удобни римјанки. Носете го со кабеста чанта, во која ќе може да ги сместите сите потребни работи. Дополнете ја комбинацијата со впечатливо ланче, очила за сонце и прстен.
Безгрижно кул
Ако сакате да изгледате шик на плажа или во некое кафуле, носете го макси-фустанот со отворени сандали со полна потпетица, сламена чанта и корален накит. Додадете авијатичарски очила за сонце во комбинацијата и сите ќе сакаат да го копираат вашиот стил.
Уметнички печат
Ако сакате да му дадете уметнички изглед на макси-фустанот носете го со цветна марама, сламена шапка и едноставни римјанки. Одберете кабеста чанта во смела боја и впечатлив лак за нокти.