Ровот Маријана, најдлабокото место под нивото на морето, е инспирација за Џејмс Камерон и последната граница на оваа планета.
Две илјади метри е подлабока од височината на Еверест, и пет пати подолга од должината на Големиот Кањон.
Притисокот на морското дно е еквивалентен на 50 џамбо авиони наредени врз вас. Можеби сега можете да видите како некои луѓе имаат потешкотии да се симнат таму долу.
Но, тие се спуштаат таму долу, успевајќи да ја допрат Challenger Deep која е најдлабоката точка на Маријанскот ров.
Погледнете го овој инфографик, кој ни овозможува да ги визуелизираме сите интересни факти за обемот, длабочината и формирањето на ровот во однос на другите поморски феномени. На пример, дали сте знаеле дека Deepwater Horizon (дупчалка за вадење нафта одговорна за катастрофалното БП изливање на нафта) дупчела на 12.000 метри длабоко. Тоа е под Challenger Deep! Тука се повикуваме на цитат на Ниче: „Кога се ѕвериш во бездната, бездната ѕвери назад“.