Шкодран Мустафи од Македонија е светски првак во фудбал

Адмир Мехмеди во стана првиот Албанец  кој што успеал да постигне гол на Светското првенство, а од синоќа неговиот сограѓанин Шкодран Мустафи во дресот на Репрезентацијата на Германија стана првиот Албанец од Гостивар, кој е светски првак во фудбал, пишува НОВА.

Цел Гостивар навивал за Германија, иако Мустафи поради повреда не настапи во финалето на првенството.

Како што дознава Нова, финалниот натпревар бил проследен и во гостиварското планинско село Срмново од каде што потекнува таткото на Шкодран Мустафи. Неговото семејство од оваа село заедно го гледале натпреварот.

По завршувањето на натпреварот гостиварецот Шкодран Мустафи, на неговиот Фејсбук профил, објави фотографија “селфи” со германската канцеларка Ангела Меркел и со освоениот пехар на Светското Првенство.

Прочитајте и:  При ископ на канал пред Основен Суд Гостивар најдени гранати

Меѓу првите честитки преку своите Фејсбук профили упатија градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

- Реклама -