Сокот од аронија е вкусна мултивитаминска бомба, што го претвора во незаменлив лек од природата. Еве какви се корисните својства на оваа билка и што се лекува со аронија.
Аронијата е висока до 2,5 метри, чии што плодови наликуваат на рибизли со својот кисел вкус . За лековита цел се користат токму плодовите кои што се богати со витамини A, Б и Ц.
Билката е богата уште и со железо, јод, калиум, фосфор, магнезиум .
Сокот од овошје на аронија ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини аронијата е идеална билка за зголемување на имунитетот.
Од третманот со аронија реагираат добро кардиоваскуларните болести (билката е идеална за закрепнување после инфаркт), очни болести, дијабетес (недостатокот на шеќер во составот на аронијата ја прават идеален пијалок за луѓето кои што страдаат од шеќерна болест) , болести на нервниот систем, бронхитис и други респираторни проблеми.
Напивката од кората на билката пак го намалува крвниот притисок.
Исто така се верува дека билката помага при рак и штити од радијација при работа со компјутери и професии поврзани со зрачење.
Најздравите квалитети на аронијата се задржуваат и при изработка на слатко, вино и ликер.