И годинешниот Петровден потсетуваше на минатото, кога на овој ден се одржуваа по неколку десетина свадби. Галичник грмеше, татнеше, ечеше од писоците на двестете рала зурли и тапани, а звуците се разлеваа низ планината Бистра и по долината на реката Радика, пишува Утрински.
На годинешното 41. издание на атрактивната курторолошко-туристичка манифестација „Галичка свадба“, првпат во полвековниот опстој, имаше две свадби, се работеше за Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска.
Низ фотографии, погледнете дел од она што се случувало во Галичник.
Фото/Утрински весник и Вест