Со само 27 метри квадратни, ова симпатично студио (апартман), нуди ред, простор и комфорт каков што не се сретнува ниту во двојно поголеми станови. Начинот на кој е уредено ова мало, симпатично катче, импресионира во секој поглед.
Необичниот спектар на бои, при кои белата е збогатена со црвена, жолта и црна, му дава ведрина и шарм на малиот, но плански уреден простор. Имено, дискретно, и целосно во црна нијанса е бојадисана кујната. Полиците со книги се во силна, жолта боја, а кога ќе се потргнат белите лизгачки врати за да ги покријат, се отвора сокриената, црвена спална соба, во која се наоѓаат уште неколку затскриени шкавчиња кои совршено се совпаѓаат во просторот.
Овој урбан микро стан, беше креаиран во 2013-та година од архитектот Николас Гарни, а е лоциран во Сиднеј, Австралија. Поради минијатурната квадратура, Гарни морал да биде екстремно креативен при осмислувањето на концептот, а фер е да се признае дека завршил одлична работа.