Зошто се стврднуваат брадавиците на ладно?

Всушност, никој не знае, ама веројатно е заради истата причина поради која се наежуваме при контакт со студено. Ниските температури ги стимулираат малите мускули прикачени на фоликулите на влакната, чие згрчување ги тера влакната да се исправат (пиломоторен рефлекс). Ареолата (обоената област околу брадавиците) исто така има мускулни клетки кои се собираат штом се стимулирани, па студеното време може да предизвика кожата да се набере кон внатре, додека брадавиците да се испакнат.

close-up-of-mans-nipple

Ареолата е една од најсензитивните области на телото, и може да биде стимулирана и кај мажите и кај жените. Покрај од студ, брадавиците можат да се испакнат и како последица на доење, или при сексуална возбуденост. И двете состојби го стимулираат ослободувањето на хормонот окситоцин, кој го предизвикува пиломоторниот рефлекс. И машките и женските се подеднакво подложни на стврднување за време на сексуалната активност, со тоа што ефектот е помалку забележлив кај машките (помали) гради.

ya%C4%9Fmurda-sucuk-gibi-olmu%C5%9F-kad%C4%B1n%C4%B1n-seksili%C4%9Fi_472794[1]

Некои луѓе имаат брадавици што многу полесно и многу почесто се возбудуваат за разлика од останатите. Во екстремни случаи, ова може да им предизвика одредени непријатности, па и срам, па оттаму и постоењето на штитници за брадавици, кои исто така се достапни и за мажи.
Испакнатоста на брадавиците варира и кај цицачите. Кај горилите, брадавиците се стврднуваат кога се физички возбудени и кога се удираат по градите. Фоките, морските лавови и моржовите пак, имаат повлечени брадавици, кои се собираат секогаш кога малите не цицаат од нив.

- Реклама -