Полната месечина е „виновна“ за несоницата и необичните сонови

Нема човек кој на своја кожа не ја почувствувал специфичната врска меѓу полната месечина и луѓето.Сега научниците од Универзитетот Готенеберг ја анализираат навиката за спиење за време на полната месечина, наспроти „нормалните“ ноќи заклучувајќи дека луѓето во текот на полната месечина спиеле барем 25 минути помалку, дири и доколку собата им била во потполност замрачена.

Научниците веќе имаат цврсти докзаи дека ритамот на човековото тело, односно начинот на кој во организмот се синхронизираат сите функции се поврзани со 24-часовната ротација на Земјата, а се повеќе очигледно е дека на него влијае месечината.

Претходните истражувања покажуваат дека луѓето сонуваат необични и живописни сонови ноќта на полна месечина, што е можно да биде остаток од еволуционото наследство.

- Реклама -