Родители во Кина ги продадоа своите синови на шверцери на луѓе, бидејќи на таткото не му стигаат пари за купување на виртуелни добра во онлајн игри, пишува Games of Asia. Семејната двојка не планирала да има деца, па доста лесно се одлучиле да ги продадат синовите во Fujian покраината. За злосторството полицијата била известена од дедото на момчињата, па сега гејмерите чекаат на одлуката на судот.
Онлајн игрите се многу популарни во Кина. Играчите се подготвени да потрошат многу пари за купување на различни предмети, поврзани со играта – оружје, облека итн. Повторно во Кина пред неколку години млад човек го продаде бубрегот на илегални трговци на органи, за да може да си купи оригинален iPad, потсетува bTV.
Изданието исто така забележува дека проблемот со трговијата со луѓе во Кина е алармантно, со оглед на тоа што од година во година е забележан пораст.