Облекувањето за во зима е лесно: пристоен пат фармерки, кошула, неутрален џемпер и некои класични обувки се се што ви треба за да изгледате дотерано и стилски.
Но, во лето е сосема поинаку. Дајте му на човек малку сонце и тој ќе ја изгуби сета самоконтрола кога станува збор за стил и секојдневна логика. Ајде да се фокуситаме на летниот хит- машки шорцеви.
Идеално, шорцевите треба се долги една или две педи над коленото. Ако се подолги веќе преминуваат во три-четвртински шорцеви. А, се што е пократко одат во зоната во која само шорцевите за капење треба да бидат.
Само бидете искрени кон себе и држете се до должината која знаете дека ќе го истакне вашиот тип на тело.
Неколку брзи упатсва:
- Повисоките мажи треба да бираат шорцеви над колената, кои ќе ги балансираат нивните долги пропорции. Неколку набори на краевите, исто така ќе даде природен волумен на тенките нозе.
- Ниските мажи, од друга страна, треба да бираат шорцеви со неколку сантиметри над колената, кое ќе даде впечаток на подолги нозе. Покрај тоа, тесните и непорабените шорцеви ќе направи погледот да тече без запирање, кое ја акцентира должината.
- За мускулестите мажи одговараат и двата стила, но најдобро е да се одлучат за шорцеви без набори.
Стилски за секој ден:
Комбинација со сако или џемпери:
Стилски шорцеви за капење:
Кратки елегантни костуми: