Патики за многу „длабок“ џеб

Ова се најскапите патики кои некогаш сте ги виделе. Има патики, кои чинат по 7 500 долари за пар! Некои мажи си купуваат скапи патики, исто како фетишот на жените по уникатни чевли.

Ова се 10 од најексклузивните серии на патики.

10. Air Jordan 2 Eminem 313 – 1000 долари

 

Произведени се во ограничена бројка. Кога Nike ги пуштија тие немаа поим дека ќе се продадат во рок од 5 минути!

9. Balmain High Top & Double Strap – 1475 долари

Тие се од кожа и со каивчиња.

8. Nike Air Foamposite -. 1500 долари

Во 1997 година се продавале за 180 долари. Освен тоа што се ужасно удобни поради технологијата со пена, тие се супер убави, како што гледате.

7. Christian Louboutin Rantus Orlato Flat – 1695 долари

 

Спортски обувки со стил.

6. Jimmy Choo Belgravia High Tops & Star Studded – 2350 долари

Прочуениот дизајнер предлага спортски обувки со стил, произведени во Италија.  

5. Nike ParaNorman Foamposite – 3000 долари

На прв поглед се прилично чудни. Нема како да се остане незабележан со нив. Произведени се во само 800 броја, што придонесува за ексклузивност на моделот.

4. Nike Dunk Low Pro SB ‘Paris’ – 3 500 долари

Од овој модел беа произведени само 202 парчиња. Тие се вистинско уметничко дело.

3. Rick Owens ‘GeoBasket’ – 5 152 долари

Моделите на Rick Owens ги носат Ријана, Мадона и Никол Ричи. Овие патики за 5 152 долари се во ограничен број.

 2. Nike Air Mag – 6 000 долари

Претставени се во 2011 година, во многу ограничена количина и се продаваат само на аукции.

1. Nike SB Flom Dunk High – 7 500 долари

Се нудат само во одредени продавници. Импресионираат со елегантниот дизајн и SB логото.

- Реклама -