На жените не им пречи ако е краток, им пречи нешто поважно

Истражувањето на Универзитетот во Цирих покажува дека на жените не им пречи ако сексот трае пократко. Но, многу им пречи нешто друго…

Истражувањето е спроведено преку анкетирање на 1500 жени од Мексико, Италија и Јужна Кореја. Резултатот покажува дека на жените не им е важно колку долго трае сексот, но ги фрустрира кога мажите се толку фокусирани на одложување на ејакулацијата, што ги забораваат и ги занемаруваат потребите на партнерката.

Како резултат на тоа, мажот ги игнорира женските сексуални потреби и не успева да ги задоволи нејзините желби“, се вели во истражувањето.

Кога премногу размислувате за крајот на сексуалниот одност, многу лесно можете да ги занемарите стимулативните потези како што се бакнувањето и допирите, фактори што анкетираните жени ги навеле како најважни за нивното задоволство во креветот.

- Реклама -