Џилијан Овенс е писателка и дизајнерка која што се одлучи да промовира еден поинаков изглед во современата мода. Соочувајќи се со некои финансиски тешкотии, таа купила евтини парчиња од „Second – Hand“ продавница, односно искористена стара но нослива облека и започна да ги трансформира во нови фустани.
„Пред неколку години, решив да го променам начинот на кој што светот размислува за модата”, пишува Овен на нејзиниот блог.
„Бев загрижена во врска со влијанието на нашата планета и како луѓето ја фрлат нивната еднократна облека премногу брзо.”
Проектот се претворич набрзо во хоби. Со нејзиното стилско и креативно сетило, Овенс промовира навистина инспиративна идеја дека модата може да биде еколошка и евтина.