Трендови: Tie-dyed фармерки

Сезонава подобрената варијанта на избледени фармерки (tie-dyed) наголемо се враќа на светските модни писти, откако во минатите две сезони модните зависници целосно ја заборавија.

Станува збор за делумно поинаква варијанта, односно стандардните избледени модели се заменети со фармерки во поживи бои, а бледите делови се јавуваат во облик на различни принтови и дизајни.

Иако овој тренд е навистина интересен и впечатлив, сепак треба многу да се внимава со неговото комбинирање во секојдневниот избор на облека. Комбинациите со tie-dyed фармерки многу лесно може да преминат од креативни во костимизирани и буквално да добиете изглед на кловн.

Ако се одлучите за фармерки со откачени шари и смела боја, тогаш останатите парчиња од вашата комбинација треба да бидат минималистички. Ако, пак, сакате впечатлива маичка, одберете го најнеутралниот модел на фармерки.

Овој модел може да се обидете да си го направите и во домашни услови.

- Реклама -