Родители кои не се од помош и несмасно момче (Видео)

Ова мало момче одлично си поминуваше покрај базенот се додека не му се пријаде колаче. Така, посегнувајќи по чоколадните слатки со кои сакаше да се нагости, наиде на препрека која не му дозволи да си го припушти ова слатко задоволство.

Имено, заради мускулите за пливање кои ги носи на рацете, никако не успеа да го доближи колачето до устата. И како целиот овој „проблем“ да не беше доволен, неговите родители наместо да се обидат да му помогнат, решија да ја снимат целата драма и да ја споделат неговата несмасност со остатокот од светот.

- Реклама -