Секој кој што ја сака кошарката ќе разбере … Овде зборовите се излишни.Фотографиите кои ќе ви презентираме говорат сами за себе.Сакаме да ви покажеме што претставува вистинката љубов кон спортот. Овие деца преживеаја работи кои повеќето од нас никогаш нема да ги разберат, но независно од сивилото на животот, тие нашле начин да ги пронајдат убавите емоции во едно нешто – кошарката!
Со годините кошарката се претвори во традиција и одличен детал од филипинскиот начин на живот. Поради својата географска положба сепак Филипините често се епицентар на различни катастрофи. Но за децата, нема катастрофа или штета, а тие се доволно силни да се насочат кон нивната мала радост – топката, кошот, повеќе пасови, дриблинг, капки пот. Откако тајфунот наречен Јоланда, ги опустоши централните делови од земјата, преживеаните наоѓаат импровизиран начини да заиграат.
Играњето кошарка во Таклобан, еден од градовите најсилно опустошени од катастофи е начин да се надмине шетата која е поголема од она што можеме воопшто да го замислиме. Постојат илјадници загинати и повредени. Но има нешто што е разбирливо само за луѓето кои сакаат спорт … И не само за нив … Разбирливо e за луѓе кои имаат нешто повеќе од другите – можеби надеж или инстикт за преживување. Погледнете.