Змија усмрти проповедник

Проповедник од пентекосталната црква во Западна Вирџинија бил усмртен од змија додека изедувал церемонија со змијата.

Марк Волдорф, пастор во пентекостална црква во Западна Вирџинија, изминатава недела ги повикал своите следбеници преку Фејзбук, да присуствуваат на неговата проповед, во резерват за диви животни, недалеку од неговото место на живеење. Тој истакнал: „Со нетрпение го очекувам одличниот помин оваа недела“.

Според сведоците, Волдорф кој има 44 години, често изведувал проповеди со змии. Овојпат, по половина час од проповедта, пасторот извадил ѕвечарка, ја развртел низ рацете и потоа ја оставил на земјата. Кога седнал до неа, таа го каснала на бутот.

Отпрво проповедникот одбил да отиде во болница, верувајќи во силата на натприродното и заминал кон својот дом, на 130 километри од местото на настанот „за да се опорави“. Сосема природно, ситуацијата набргу драстично се влошила, по што веднаш бил однесен во болница. Но, веќе било предоцнал и тој умрел во понеделникот како последица на каснувањето, уште еднаш докажувајќи дека кога си играте со оган, сигурно ќе се изгорите. [Serpent-handling pastor profiled earlier in Washington Post dies from rattlesnake bite]

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција
- Реклама -