Samsung го претстави Galaxy S5 mini

Во Понеделникот, Samsung го претстави Galaxy S5 mini, компактна и беспрекорна изведба на сопствената S5 линија на смартфони. Galaxy S5 mini на корисниците им носи силни перформанси, сите можни фитнес алатки и подобрени сигурносни опции кои можат да се најдат во Galaxy S5 уредот.

– “Секогаш се трудиме да развиеме уреди кои одговараат на широкиот круг корисници и на нивните вкусови, желби и стилови” – изјави ЈК Шин, извршниот директор и начелник на ‘IT и Мобилни комуникации’ одделот на Samsung Electronics.

Galaxy S5 mini им овозможува на корисниците уживање во легендарен дизајн и минималистички пристап.

Galaxy S5 mini се одликува со 4,5- инчен HD Super AMOLED екран, отпорност на вода и прашина (IP67) Ultra Power Saving мод на работа, мерач на отчукувања на срцето, читач на отпечатоци на прстите, моќен 4-јадрен 1,4 GHz процесор и 1,5 GB меморија. Се очекува Galaxy S5 mini да се појави на Балканскиот Полуостров кон крајот на Јули.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -