Побрзо не може: Сладолед за 45 секунди

Познатиот готвач Џејми Оливер не престанува да не воодушевува со своите прекрасни рецепти.

Со оглед на тоа што летните денови се пред нас, Џејми советува како да се подготви сладолед од јагоди за само 45 секунди.

Состојки:

500 г. замрзнати јагоди

500 г. јогурт

лажица мед

ликер

Подготовка:

Јагодите, јогуртот и лажицата мед сипете ги во блендер и миксирајте ги, после што е потребно да додадете малку ликер и да прoмешате. Сладоледот ќе биде готов за 45 секунди.

Сепак, вистинската магија е во начинот на сервирањето, а Џејми за таа цел нуди три начини.

Прво: Чинија, лажица сладолед и гранче нане

Останатите два се во видеото во продолжение.

- Реклама -