Извештајот предвидува развој на науката и технологијата во наредните 10 години на основа на анализа на светските научни патенти и научна литература.Ќе бараме дозвола за пилотирање наместо возачка, а се ќе биде дигитално, пишува Дејли Мејл.
Такви се проценките на Фирмата за процека на ризиците Thomson Reuters , која објави 10 предвидувања за 2025 година.
Извештајот предвидува развој на науката и технологијата во наредните десет години на основа на анализите на светски научни патенти и научна литература.
Еве за што станува збор:
– Сонцето ќе биде главен извор на енергија на нашата планета, благодарение на напредните методи.
– Големи парични средства ќе бидат вложени во проучување на медицината, па бројот на заболени ќе се намали.
– Модификација на човековите гени, ќе соречи настанување на болести како дијабетис од типот I.
– Благодарение на напредокот во земјоделството, недостатокот од храна и промената на цените на производите ќе стане минато.
– Новите батерии и лесните летала, ќе овозможат воздушен сообраќај за поединци во вид на макро – комерцијални авиони.
– Се што не опкружува ќе стане дигитално.
– Пластичните кеси ќе заминат во историјата, а раградувањето на пакувањата на база целулоза ќе биде задолжителна.
– Развојот на лековите ќе биде далеку попрецизен и ќе поврзува специфични протеини и користење на антитела со цел да се стопира развојот на болести како рак.
– Еволуцијата на нанотехнлогиите во комбинација со “Big Data” технологиите, кои опфаќаат податоци за многу различни луѓе ќе направат мапирање на ДНК на родените во стандардна процедура. Исто така, превентивните лекарски прегледи ќе станат задолжителни еднаш во годината.
– Иако до 2025. луѓето нема да можат да патуваат со телепорт, квантната телепортација ќе стане стварност, што ќе овозможи истражување на „егзотичен“ облик на материи.
Колку од овие предвидувања ќе се остварат останува да видиме, но храбрите проценки укажуваат дека животот во 2025. година во најмала рака ќе биде интересен.