Екстремен Body Art-ентузијаст во целост го промени лицето

Џоел Миглер, или познат и како „Bodymoded Punky“, е 23-годишен Германец со огромна страст кон бизарната уметност на тело, и модификации кои ги шокираат дури и најхрабрите читатели кои мислат дека виделе се.

Всушност, највпечатливиот дел од деталите кои го „красат“ лицето на Џоел, се двата огромни канали на неговите образи од кои може да го исползи јазикот, па дури и да пуши цигари преку нив. Иако Германецот тврди дека дупките не му влијаат врз секојдневниот живот, сепак, признава дека мора при исхраната мора да внимава и да зема помали залаци од порано.

33-милиметарските канали се дел од богатата колекција на Џоел составена од 27 писинзи, шест тетоважи, неколку импланти па дури и преполовен јазик.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари

Уметникот и воедно алтернативен модел, досега потрошил повеќе од 4.000 фунти за деталите на неговото лице и тело, а за прв пат започнал со промени пред 10 години, односно во неговата 13-та година.

extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-13 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-1 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-2 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-4 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-6 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-8 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-11 extreme-piercing-joel-miggler-bodymoded-punky-12

- Реклама -