Ова се најчестите женски интимни секс прашања, за кои можеби и вие сте се запрашале, но не сте го знаеле одговорот.
Овде можете да ги проверите одговорите на истите, одговорени од професионалци (без срам и возджувања). Ви ги пренесуваме онака како што беа објавени во престижниот магазин Космополитен.
Прашање: Понекогаш кога имам секс, мојата вагина прави звуци како на испуштање гасови. Што го предизвикува тоа и како можам да го спречам?
Одговор: Овој звук е испуштениот воздух од вагината. „Кога сте возбудени, вагината се проширува за да направи простор за пенисот на вашиот партнер“, објаснува д-р Барбара Кесинг. „Неговиот притисок за време на сексот турка воздух во тебе, кој го исполнува просторот во внатрешноста на вагината која се проширила. Промена на положбата на телото или подлабока пенетрација може да го испушти воздухот надвор, резултирајќи со звуци налик испуштање гасови“. Ова е, исто така, можно по доживувањето на оргазам, кога воздухот од вагината е испуштен како што вагината се враќа во поранешната состојба.
Прашање: Дали постои тајна да се биде одличен во оралниот секс?
Одговор: Клучот за да го воодушевите вашиот партнер е ентузијазмот, вели психологот Мајкл Бадер. Па, следниот пат кога ќе се спуштите на вашиот партнер, дајте му до знаење колку многу сакате да го задоволите орално. Самоуверено клекнете меѓу неговите нозе и зграпчете ја неговата гордост цврсто. Потоа земете го во вашата уста и лизгајте ја раката нагоре и надолу по неговиот пенис во тандем, периодично погледнувајќи нагоре во него или стенкајте во задоволство.
Прашање: Сексуално сум загреана кога имам период. Дали е ок да имам секс, или тоа целосно ќе го згрози мојот дечко?
Одговор: Единствениот начин да бидете сигурни како вашиот партнер се чувствува за тоа е да го прашате. Ако е за тоа, држете се до положбата кога партнерот е над вас. „Вашето крварење може да биде помало ако сте легнати“, вели д-р Патриција Тејлор.
Прашање: Се грижам за тоа каков вкус и мирис има мојата вагина кога нов дечко се спушта долу на мене. Има ли нешто што треба да направам околу тоа?
Одговор: Дури и ако вашиот партнер мисли дека мирисате неверојатно, нема да можете да уживате во неговите напори ако сте загрижени дека ќе го навредите. Најдобото нешто што можете да го направите е да го измиете интимниот дел со сапун и вода пред секс. Но, ако тој доброволно се спушта таму доле и останува, највероватно не е засегнат од вашиот мирис.
Прашање: Кога се менува од мисионерска во позата на жена одозгора, дали повеќето луѓе го прават тоа со пенисот на патнерот чувајќи го внатре?
Одговор: „Може да биде незгодно да се промени позата во едно течно движење“, вели д-р Тејлор. „Меѓутоа, за да го изведете тоа, почнете од мисионерска поза блиску до работ на левата страна на креветот. Додека вашата десна нога е испружена, вашата лева ставете ја околу неговата половина и вашата рака на неговото рамо. Во едно заеднично движење свртете се.
Прашање: Имам слушнато дека и мажите имаат Г-точка. Како да ја најдам?
Одговор: Машката Г-точка е всушност простатата. „во облик на орев лоцирано неколку самтиметри во внатрешноста на аналниот канал, кој отекува кога тој е возбуден и лачи дел од течноста што ја прави спермата“, вели д-р Тејлор. „Кога е стимулирана, простатата може да обезбеди интензивно задоволство“. Еден начин да се надразни ова место е да се стимулира неговиот перинеум, површината помеѓу неговите тестиси и анус, особено при давањето на орален секс. Кога вашиот партнер ќе почнува да доживува оргазам, притиснете малку повеќе за уште поинтензивно задоволство.
Прашање: Мојот дечко сака да има анален секс, но за тој чин сум сосема неука. Дали е безбедно тоа?
Одговор: Истражувањето во оваа „забранета“ обаст може да биде исклучително еротски, објаснува д-р Кеслинг, која е уште причина зошто аналниот секс станува толку популарен. Да не спомнуваме дека анусот е преполн со нервни завршетоци и може да биде центар за задоволство и на жените и на мажите. Ако идејата те возбудува, во ред е да се истражи. Но, постојат неколку клучни работи за кои треба да бидете свесни. За разлика од вагината, анусот не се само-подмачкува и не е еластичен. За да уживате во чинот, треба да го направите полека, и не заборавајте да корисите лубрикант базиран на вода.