Засади јагоди, ќе засадиш здравје

Секој сака да го има здравјето на дланка. Со оглед на тоа што стресот е  најголем причинител на разни болести, со помош на јагодите буквално можете да си го купите здравјето, или да го засадите вашата градина.

Јагодите се плодот, кој што најмногу го зголемува расположението.86% од испитаниците во неодамнешната анкета истакнале дека се чувствуваат подобро од самата помисла за јагоди.

Според професорот Бери Смит од Лондонскиот универзитет јагодите привлекуваат најмногу поради карактеристичниот мирис, но и среќните спомени. Јагодите се многу корисни, бидејќи се богати со антиоксиданси.

Истражување на научници од Флорида покажа дека тие го намалуваат високиот крвен притисок,  делуваат релаксирачки врз слоевите од клетки, кој што ја покриваат внатрешната површина на крвните садови.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

- Реклама -