Многумина го сметаат Петок 13 за лоша среќа. Но, од каде доаѓаат суеверијата? Никој не знае. Но тие датираат уште од библиски времиња.(13тиот гостин на Последната Вечера го предал Исус) До Средниот Век , и Петок и бројот 13 се сметале за лоша среќа. Тука можете да погледнете уште неколку интересни факти за овој „баксузен“ ден.
Многумина го сметаат Петок 13 за лоша среќа. Но, од каде доаѓаат
суеверијата? Никој не знае. Но тие датираат уште од библиски
времиња.(13тиот гостин на Последната Вечера го предал Исус) До Средниот
Век , и Петок и бројот 13 се сметале за лоша среќа. Тука можете да
погледнете уште неколку интересни факти за овој „баксузен“ ден.
1. Се вели дека Британската морнарица изградила брод со името „Петок 13“, кој што првпат го напуштил пристаништето на Петок 13 и никогаш повеќе не бил виден. Но, многуминна сметаат дека ова е ништо повеќе од само приказна. На официјалната веб страница на музејот на Кралската морнарица се вели дека ова е само обична гласина. “Никогаш немало брод на Кралската морнарица со името Петок 13, или со било кој друг ден од неделата“ – вели музејот.
2. Баксузниот Аполо 13 бил лансиран во 13:13 часот на 11 април 1970. Збирот на цифрите е 13(4-11-70) = ( 4+1+1+7+0 = 13). Експлозијата што настанала на шатлот била на 13 април(не било Петок). Екипажот, како и да е, безбедно се вратил на Земјата.
3. Многу болници немаат соба со бројот 13, додека пак некои високи згради го немаат/го избегнуваат 13иот кат.
4. Стравот од Петок 13 – еден од најпопуларните митови во науката – се вика paraskavedekatriaphobia, како и friggatriskaidekaphobia. Стравот од бројот 13 се вика triskaidekaphobia.
5. Квортербекот Ден Марино го носел дресот со бројот 13 во текот на целата своја кариера во Miami Dolphins. Иако бил супер квортербек(според многуминна – еден од најдобрите општо), го освоил Супер Купот само еднаш – во 1985.
6. Буч Кесиди, озогласениот Американски ограбувач на возови и банки, бил роден на Петок 13, во април 1866.
7. Фидел Кастро бил роден во Петок, на 13 август 1926.
8. Претседателот Френклин Д. Рузвелт никогаш не патувал на 13иот ден од месецот и никогаш не поканувал 13 гости на оброк. Наполеон и Херберт Хувер исто така имале фобија од бројот 13.
9. На суеверните вечери во Париз се најмува quatorzieme – професионален 14ти гостин.
10. Марк Твен еднаш бил 13ти гостин на некоја вечера. Пријателот го советувал да не оди. „Беше лоша среќа“, Марк Твен подоцна му кажал на пријателот. „ Имаа јадење само за 12 души„
11. Вудроу Вилсон го сметал бројот 13 за негов среќен број, иако неговото искуство го покажува спротивното. Тој пристигнал во Нормандија, Франција на 13 декември(Петок)1918 за мировни преговори, но се вратил со меѓународни договори со што неможел да го натера Конгресот да ги потпише. Додека патувал кон САД, преживеал речиси фатален срцев удар.
12. Бројот 13 пати од својата позиција после бројот 12, според нумерологистите, за кој се смета дека тој е комплетниот број – 12 месеци во годината, 12 знаци во хороскопот, 12 богови на Олимп, 12 задачи на Херкул, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус, 12 дена на Божиќ и 12 јајца во пакување(дузина).
13. Решивме да нема 13 точка. Суеверни или не, ако е лоша среќа – не ја сакаме:). Уште еден доказ дека пати од својата позиција после бројот 12:)