Сликарите уште одамна ги предвиделе скајпот и правосмукалката

На разгледниците од 1899. година се гледаат уреди кои што се направени 100 години подоцна.

Луѓето кои живееле пред повеќе од 100 години не можеле да го замислат светот, во кој што живееме денес. Меѓутоа, на разгледниците настанати во 19 век и почетокот на 20-тиот, може да се види како уметниците предвиделе многу нешта – од правосмукалка и скајп, до големи подморници и куќи на тркала.

Во необичните слики наречени „ Во 2000 година“ ( En l‘ An 2000) се прикажува свет кој е сличен на нашиот по многу прашања.

Куќа на тркала: Можеби не е баш исто, но на ова возило стои цела една вила. 

vila

potoa
На следната слика се гледа направа со која маж зборува со личност од друго место,  апарат кој денес не потсетува на Скајп.Исто така, претставен е механички оркестар, своевидна интерпретација на мп3 уредите, интерконтинентални возови…

skajp1

skajp2

Уметниците ја предвиделе и правосмукалката – на една од сликите жена стои во собата и контролира електрична метла, која што самата ја чисти просторијата.

p1

p2

Интересно е што уметниците можеби можеле да ги предвидат машините кои што настанале, но биле многу конзервативни кога станува збор за облеката. Така и 100 години во иднината, луѓето се облекуваат како кон крајот на 19 век – мажите носат фрак, а жените се во долги викторијански фустани.

Жил Верн – Создавач на иднината

Најпознат пример за некој кој што ја предвидел иднината е секако славниот француски автор Жил Верн. Тој во своите дела ги предвидел патувањата со балон, нуклеарните подморници, супербрзите возови, меѓународната комуникациска мрежа, освојувањето на Месечината.

- Реклама -