Ново истражување, ја прогласи Ирска за најдобра земја за живеење во светот, притоа аргументирајќи дека истата најмногу допринела за човештвото и планетата.
Индексот „Добра земја“ ги рангира земјите врз основа на 35 одделени фактори на Обединетите нации, Светската банка и други интернационални институции.
За да ја создадат оваа листа научниците се воделе според податоците за големината на економијата на одредена земја, а потоа го проценувале нејзиниот глобален придонес кон науката, технологијата, културата, меѓународниот мир и безбедност, просперитетот и еднаквоста, како и здравјето на луѓето, пренесува Daily Mail.
Од вкупно 125 држави, Македонија се наоѓа на 55-то место, со средно добри позиции за придонес во науката и технологијата, додека најмногу заостанува во заштитата на планетата и климата.
Погледнете ги 10-те земји кои што ја предводат листата:
1. Ирска
2. Финска
3. Швајцарија
4. Холандија
5. Нов Зеланд
6. Шведска
7. Обединето Кралство
8. Норвешка
9. Данска
10. Белгија