Американската 68-годишна супер бабичка Лунда Лу Тејлор од Индијана влезе во книгата на рекорди како "најмажената" жена во светот, која во моментот е во потрага по нејзината наредна "жртва".
Американската 68-годишна супер бабичка Лунда Лу Тејлор од Индијана влезе во книгата на рекорди како "најмажената" жена во светот, која во моментот ја бара нејзината наредна "жртва".
Оваа дама прв пат се мажила на само 16 години за Џорџ Скот кој тогаш имал 31. Бракот им траел седум години и за неа бил најдолгиот и најсреќниот брак од сите бракови кои ги имала во својот живот. Но, оттогаш, сѐ и тргнало надолу.
Во текот на неколкуте наредни децении склопила бракови со бармени, водоинсталатери, музичари, проповедник, едноок осуденик… Испаднало дека двајца се хомосексуалци, двајца бисексуалци, а еден насилник. Еден немилосрдник дури и и’ ставил катанец на нејзиниот фрижидер. Нејзиниот најкраток брак траел цели 36 часа, а за Џек Горли се мажила дури три пати. Во тие години добила седум деца и била маштеа на многу деца.
Нејзиниот последен брак, склопен пред десет години, бил доста привлечен за медиумите кога се омажила за Глин Волф кој зад себе имал повеќе бракови дури и од Линда, вкупно 29, и кој исто така е светски рекордер. Тој починал година дена после бракот, на 89 години, па така сега Г-ѓа Волф го бара нејзиниот 24 сопруг.
Линда која сега живее во дом за пензионери, рекла дека никогаш не изневерила ниеден од нејзините сопрузи, но признала и дека кога би можела да го проживее нејзиниот живот одново, никогаш не би имала толку многу мажи. [Most Married Woman]