Еден искушеник дошол до големо свештено лице и го прашал да го посоветува како најдобро ќе го задоволи Бог.
– Пријди до гробиштата и навреди ги мртвите, му рекол тој.
Младиот направил како што му било кажано. Следниот ден се вратил.
– Дали ти одговорија? – го прашал отецот.
– Не, ништо.
– Тогаш оди и пофали ги.
Искушеникот послушал. Истото попладне се вратил и повторно бил прашан дали добил одговор.
– Не, рекол младиот човек.
– За да бидеш поблиску до Бог, однесувај се како нив. – Не обрнувај внимание на навредите на луѓето, но ниту на нивните пофалби. Така ќе го создадеш својот пат.