Следниот пат кога вашите родители ќе ви речат дека премногу време трошите на игрите, можете да им кажете дека се подготвувате да конкурирате за спортска стипендија на универзитет во Америка.
Имено, Универзитетот „Robert Moris” од Илиноиса им нуди на играчите на LOL стипендија, но само доколку се меѓу најдобрите во светот.
Претставниците на Универзитетот велат дека се одлучиле на овој чекор не само затоа што е-спортовите стануваат се повеќе популарни, туку и затоа што да си најдобар навистина бара квалитет. Лигата е многу компетитивна, потребно е да се вложи многу труд и работење, тимска работа и посветеност која што се цени во сите спортови.
Иако е овој Универзитет меѓу првите, не е единствен, моментално 103 школи нудат стипендии на играчите, а меѓу нив се наоѓа и престижниот Харвард.