Потребни состојки:
• Крап
• Кромид 1 кг.
• 3 Моркови
• 1 китка магдонос
• Вино 2 дл.
• Домата 2 дл. или 2 домати
• 1 главица лук
• Масло
• Зачин од зеленчук (Зачинал, Дафинка)
• Сол
• Црн бибер
• 3 Ловорови листа
Начин на подготовка:
• Крапот најпрвин внимателно се чисти од крлушките па се расекува на стомакот, му се вади внатрешноста и темелно се мие. Потоа се посолува со крупна сол и се остава да одстои 4 до 5 часа. Настрана се сецкаат на парчиња кромидот, морковот и лукот, им се додава убаво измиениот и ситно исецкан магдонос, се додава малку сол, зачин од зеленчук, ловоров лист и црн бибер. Тавата се премачкува со масло и во неа се става половина од смесата, со истата смеса се полни крапот и се реди во тавата, а отстрана му се додава останатата смеса. Најпосле крапот се полева со виното, доматата, останатото масло и малку вода и се става да се пече на 200ᴼC околу 1 час.
Рецептот е од кујната на Манастирот Св. Јован Бигорски